Search

Возач почина зад воланот во Белград, автобусот што го управувал налетал на уште четири автомобили

Возачот на белградското ГСП Живота М.(61) вечерва починал зад воланот на автобусот на релација 56, кога му се слошило..

Несреќата се случила околу 19.20 часот кога Живота најверојатно доживеал срцев удар, изгубил контрола над зглобниот автобус, удрил во четири автомобили и влетал во оградата на паркингот лоциран на раскрсницата од улиците Трговачка и Браќа Вучковиќ.

Брзата помош пристигнала брзо, но несреќниот човек не можел да се спаси. Во оваа несреќа повредени се и неколку патници.

Живота од средината на деведесеттите работел како возач во ГСП, а во истата градска фирма е вработена и неговата сопруга.

-Буцо, Жиле, куќа моја, што ќе правам сега без тебе. Како можеш да ме оставиш Буцо. Тој беше најголем и најјак, висок беше два метра, ништо не можеше да му се случи – плачеше неговата сопруга која од шок падна на тротоарот, додека ќерката и случајните минувачи ја тешеа.

Треба да знаете
Последни објави