Search

Тотенхем почна преговори со Нагелсман за тренерското место

Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем го контактирале германскиот стратег Јулијан Нагелсман за негов ангажман на тренерското место кое остана празно по заминувањето на Италијанецот Антонио Конте.

Телевизијата „Скај Германија“ објави дека преговорите со Нагелсман се во почетна фаза и оти постои мала веројатност тој експресно да седне на клупата на Тотенхем.

Според истиот извор, 35-годишниот стратег сака добро да размисли околу својата иднина по оставката која му беше врачена во Баерн Минхен.

Дел од медиумите наведуваат дека за Нагелсман интерес пројавува и Реал Мадрид. 

Треба да знаете
Последни објави