Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност

Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност.

Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС.

Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС има луѓе кои се свесни за штетните анационални политики на ова раководство.

Дека Ковачевски нема поддршка од своите пратеници говори и фактот што не успеале заложбите да се направи документ дека сите пратеници ќе ги гласаат уставни измени како и тие да се формулирани, поради противење на горе споменатите пратеници.

СДС и ДУИ се движат кон ќорсокак.

Наместо Ковачевски да ја држи цела Македонија во заложништво, треба да го распушти Собранието и да одиме на предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја преброди кризата, кој се темели на три столба, за кој се потребни првин избори и промена на власта.

Треба да знаете
Последни објави