Search

Булси му го расипаа враќањето на Џејмс, неверојатен пораз на Вориорси

Актуелниот НБА-првак Голден стејт претрпе пораз на свој терен од директниот ривал за место во плејофот, екипата на Минесота. Гостите победија со 99:96, па сега Минесота има 38 победи и 37 порази и е на седмото место, додека Голден стејт е на шестата позиција со 39 победи и 37 порази. Тоа значи дека до крајот на регуларниот дел, пеколна ќе биде борбата за Топ 6, кои директно носат пласман во плејофот.

Минесота водеше во поголем дел од средбата, а гостите во последната четвртина имаа и предност од девет поени (84:75). Голден стејт успеа да направи пресврт и на 15 секинди до крајот домаќините водеа со 96:95 и имаа напад. Сепак, наместо да ја држат топката до крајот и да добијат фаул, тие успеаја да ја загубат, односно Андерсон да ја украде, а потоа Карл-Ентони Таунс да постигне и тројка, која беше клучна за победа на Минесота.

Враќањето на Леброн Џејмс на паркетот по едномесечна пауза го расипа Чикаго, кој во „градот на ангелите“ ги совлада Лејкерси (118:108).
Во втората четвртина Булси ја презедоа целосната контрола и дојдоа до 20 поени предност (39:59), а секој обид за пресврт на „езерџиите“ беше одбиен до крајот.

Зек Левин беше најдобар поединец на тимот од „ветровиот“ град со 32 коша, Демар Дерозан постигна 17, Коби Вајт 13… Леброн беше најефикасен кај домашниот тим со 19 поени, а еден помалку имаа Трој Браун и Малик Бисли.

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди пласман во плеј-офот. Претходно од Истокот место во разигрувањето обезбедија Милвоки, Бостон и Филаделфија.
Кливленд, изминатата ноќ, славеа убедлива победа над Хјустон 108:91. Џерет Ален со 24 и Донован Мичел со 22 поени го предводеа Кливленд до деветтата победа во последните 11 натпревари.
Кавалирс за првпат по 2018 година изборија пласман во плеј-офот.

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа со 118:113 на гостувањето кај Портланд Трејл Блејзерс, остварувајќи важна победа во ловот на плеј-офот.
Шаи Гилгеус-Александер ги предводеше победниците со 31 поен, а Џејлен Вилијамс постигна 23 поени. Ослабените Трејл Блејзерс ги предводеше Шедон Шарп со 29 поени, а Насир Литл постигна 28 поени.

Кошаркарите на Шарлот Хорнетс во пред своите навивачи ноќта кон понеделникот ги совладаа Далас Маверикс со 110:104 и им го нанесоа вториот пораз за три дена. Шарлот, со соодносот на победи и порази 25-51 се претпоследниот тим на табелата на Источната конференција и со овие две победи ги компромитира изгледите на Далас за пласман во плеј-офот.
Имено, Маверикс со учинок 36-39 паднаа на 11-то место во Западната конференција и моментално не се меѓу екипите кои ќе се борат за титулата шампион во НБА.

Стрелците на Далас ги предводеше Лука Дончиќ со 40 поени, но шутираше 12/29 од поле. Словенецот имаше и 12 скока и осум асистенции, но ја заработи и 16-та техничка грешка, па ќе мора да го пропушти следниот натпревар во кој неговиот тим ќе гостува кај Индијана Пејсерс.

Кајри Ирвинг постигна 18 поени, а Тим Хардавеј Џуниор 15, но и двајцата со лош процент на шут.

Гордон Хејворд ги предводеше Хорнетс со 22 поени, а Пи Џеј Вашингтон имаше 21 поен и 12 скока. Дебитантот Марк Вилијамс искомбинираше 15 поени и 16 скока.

Оклахома Сити се на 10-то место со учинок 37-38, со победа предност пред Далас (36-39). Лос Анџелес Лејкерс се деветти со ист учинок како Тандер (37-38), откако на домашен терен беа поразени од Чикаго Булс (118-108).

Треба да знаете
Последни објави