Search

Часовникот се поместува вечерва, почнува летно сметање на времето

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот. 

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец. 

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот. 

Истражувањето на агенцијата „Југов“ во седум западноевропски земји, кое беше објавено вчера, покажа дека Германците најмногу се за напуштање на системот за двојно сметање на времето, додека Италијанците најмногу се за задржување на летното сметање на времето.

Во пракса, сепак, се покажа дека летното сметање на времето од една страна помага да се заштедат пари, на пример за осветлување, но од друга страна значително ја зголемува потрошувачката, на пример за загревање во студените утра.

Истражувањето на агенцијата Југов покажа дека дури 75 отсто од Германците сметаат дека треба да се укине двојното сметање на времето, пренесува Бета. Така мислат 58 отсто од Швеѓаните и 56 отсто од Данците.

Во Франција 49 отсто се за актуелниот систем, а 36 отсто од граѓаните се за враќање на природно, трајно „зимско сметање“.

Шпанците се доста поделени, бидејќи 46 отсто од нив сметаат дека треба да остане зимското и летното сметање на времето, а 42 отсто се за укинување на таа поделба.

Во Велика Британија 45 отсто се за актуелниот систем на преминување на летно сметање на времето, а 39 отсто за враќање на старото.

Единствено, убедливо мнозинство Италијанци е за задржување на поделбата меѓу зимско и летно сметање на времето: 56 отсто наспроти 32 отсто.

Меѓутоа, доколку се укине сегашниот систем за подобро искористување на дневната светлина со прилагодување на часовниците, шест од седумте анкетирани држави би биле за зачувување само на летното сметање на времето.

Тоа време се карактеризира со подоцнежни зајдисонца, особено во лето, и подоцежни изгрејсонца, особено во зима.

Единствени кои мислат дека треба да се вратиме на астрономското, зимско сметање на времето се Швеѓаните. 

Треба да знаете
Последни објави