Search

Повеќе од 2.000 илегални мигранти стигнале до бреговите на Италија во последните 24 часа

Повеќе од 2.000 илегални мигранти пристигнале во Италија во последните 24 часа, објавија денеска локалните медиуми.

Италијанската крајбрежна стража, финансиската полиција и хуманитарниот спасувачки брод „Луиз Мишел“ спасија неколку чамци со мигранти, главно од земјите во регионот Сахел во Западна Африка, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Камерун, Гамбија, Гвинеја, Мали и Нигер, соопшти државната јави италијанската новинска агенција АНСА.

Агенцијата наведува дека се очекува да продолжи приливот на мигранти.

Треба да знаете
Последни објави