Search

Вучиќ и Орбан на партија билијард по тричасовни разгоовори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. По разговорот, претседателот на Србија и премиерот на Унгарија одиграа партија билијард.

-По три и пол часа разговор за сите стратешки прашања за соработката меѓу Унгарија и Србија, одиграв пријателска игра билијард со Виктор Орбан. Горд на пријателството меѓу Србите и Унгарците и благодарен на Виктор Орбан што вложи многу труд и енергија за тоа пријателство да биде суштинско и искрено – пишува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Виктор Орбан се огласи на Твитер за да сподели со своите следбеници колку ужива во Белград.

-По Брисел, здив свеж воздух во Белград. Унгарско-српските односи на највисоко ниво на сите времиња. Ви благодариме за играта и дружбата, претседателе Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави