Search

Хакери украле податоци на вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите

 Хакерската група Ци0П (Ci0P) се стекнала со податоци за вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите користејќи услуга за пренос на податоци од трета страна, објави Блумберг.

Фондот управува со имотот од 39 милијарди фунти од своите 295.000 членови и ги штити луѓето со пензија кога работодавецот ќе стане несолвентен.

Во соопштението на Фондот се наведува дека хакерите компромитирале некои податоци од вработените, но дека украдените информации „не биле поврзани со членови или пензионери“.

Хакерската група Ци0П ја презеде одговорноста за нападите врз Фондот.

Групата е позната по тоа што користи таканаречен „рансомвер“ (ransomware) за шифрирање на компјутерите на своите жртви за да не може да им се пристапи, а потоа бара плаќање за отклучување на датотеките, и се заканува дека ќе ги објави украдените информации на интернет.

Се претпоставува дека членовите на Ци0П се Руси и се една од најуспешните групи за откуп во изминатите години, кои изнудиле стотици милиони долари од своите жртви, наведува Блумберг. 

Треба да знаете
Последни објави