Search

Најмалку шест загинати во руски напади во Украина

Најмалку пет лица загинаа во руски напад во областа Доњецк на истокот на Украина, додека едно лице загина во напад на југот на земјата, соопштија денеска локалните власти. 

„Три жени и двајца мажи загинаа“ во градот Костиантивка, на околу 20 километри западно од Бахмут, епицентарот на борбите со руската армија, објави украинската служба за итни случаи на Телеграм. 

Во нападот од синоќа до изутрината, беше погодена зградата во која се наоѓа хуманитарниот прифатен центар во тој град. 

Една жена загина, а четворица цивили се повредени изутрината во артилерискиот оган во селото Билозерка во областа Херсон, на југот на Украина, соопшти обвинителството. Во бомбардирањето беа оштетени куќи, далноводи и гасоводи. 

Треба да знаете
Последни објави