Search

Минимум 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата од ископаниот тунел во Идризово

Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, вечерва во „Топ тема“ зборуваше за случајот со тунелот за бегство кој го ископале затвореници во затворот „Идризово“. Негова проценка е дека приближно 12 трактори би биле потребни за да се изнесе таа земја од затворот. Не е јасно каде завршувала земјата, но Стојановиќ се сомнева дека постепено е фрлана во кеси во депонијата во близина, а потоа со ѓубретарка изнесувана надвор од затворот.

-Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам не е направено во еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, тоа е слабоста – рече Стојановиќ во Топ Тема на Телма.

Тој исто така се согласува дека условите во затворот не се добри, а како причина за тоа, ја наведе пренатрупаноста.

Стојановиќ потврди дека на 1.100 осуденици во Идризово има само еден лекар и еден психијатар кој доаѓа еднаш неделно.

Треба да знаете
Последни објави