Search

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.

Во првиот круг беа избрани најдобрите 3 тима во земјата од вкупно пријавените 391 тим од 76 основни и средни училишта, менторирани од 101 наставник/професор. На македонски јазик се натпреваруваа 379 тимови, а 16 се натпреваруваа на албански јазик.

Победничкиот тим кој ќе ја претставува нашата земја на европското финале на 16-ти мај во Брисел, Белгија се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен под менторство на Соња Стрезовска.

Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ “Јане Сандански” – Битола под менторство на Билјана Кочовска , додека третопласирани беа Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ “Гоце Делчев” – н.Илинден, под менторство на  Данче Нацевска.

Нашата земја по петти пат учествува на овој проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици од 13 до 15 години.

Треба да знаете
Последни објави