Гете-институт ја носи во Скопје светската, патувачка изложба за врвните истражувања во Германија

Изложбата обработува пет големи тематски области:

Вселена | Историја на човештвото | Мозок | Антропоцен | ВИ.

Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот, а од 03.04. до 28.04.2023 ќе може да се посети во изложбениот простор на Култро информативен центар во Скопје.

Изложбата Вселена.Човек.Интелигенција. обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл.

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата поттикнува љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 03.04.2023 и ќе трае до 28.04.2023. Влезот е бесплатен.

Повеќе информации ќе најдете на страната на Гете-институт Скопје www.goethe.de/skopje.


Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка.

Треба да знаете
Последни објави