Search

Наставничка тепала ученичка во приватно училиште

Во полиција вчера било пријавено дека малолетно девојче било физички нападнато од нејзината наставничка која употребила тврд предмет.  

Како што се наведува во полицискиот билтен, во полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека во средата во 10:30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Треба да знаете
Последни објави