Спасовски на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

„Денеска присуствував на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и поддржан од UN WOMEN, Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI), Канцеларијата на Обединети нации за дрога и криминал (UNODC).

Целта на форумот е да иницира создавање на регионална мрежа на жени лидери кои се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и размена на најдобри практики и искуства. Радува и поттикнува овој нов начин на соработка и новата енергија во креирање на заеднички стратегии во борбата против штетните појави кои ја спречуваат еднаквоста.

Посакувам успешна дискусија и очекувам прогрес во борбата против корупцијата и криминалот од секаков вид. Во свое и во име на МВР ја изразувам целосната поддршка и партнерството за силни жени лидери – креатори на општествените промени.

Треба да знаете
Последни објави