Search

Македонија без Доријан Бабунски против Малта

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде без еден од напаѓачите кои се во одлична форма во изминатиов период, Доријан Бабунски, кој поради повреда отпаѓа од комбинација за настап.

Бабунски има повреда на бутниот мускул која ја здобил на последниот меч за Дебрецин во унгарското првенство и после дополнителните прегледи е констатирано дека нема да може да се стави во функција на тимот за утрешниот меч со Малта на стартот во евроквалификациите.

„За жал, Доријан има повреда на бутот која ја здобил на последниот првенствен меч и после снимките завчера и вчера, нема да може да се стави во функција за овој меч. Ќе мора да почекаме на следниот собир за да го имаме во тимот. Сите останати се здрави“, рече селекторот Благоја Милевски.

Треба да знаете
Последни објави