Search

Избори во Грција во мај во сенка на железничката несреќа

Грција ќе одржи избори во мај, најави премиерот Киријакос Мицотакис, три недели откако најсмртоносната железничка несреќа во земјата предизвика протести и зголемен притисок врз неговата конзервативна влада.

Мандатот на Мицотакис официјално завршува во јули. Точниот датум на изборите не е прецизиран.

„Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече лидерот на партијата Нова демократија (НД) во своето прво телевизиско интервју по железничката несреќа на 28 февруари.

Според локалните медиуми, изборите првично беа планирани за април, но најтешката железничка несреќа во грчката историја ја запрепасти нацијата и доведе до промена на плановите.

Железничката несреќа предизвика масовни и насилни протести и нанесе тежок удар на премиерот Киријакос Мицотакис и неговата влада пред изборите, пренесува Кликс.

Треба да знаете
Последни објави