Search

Доживотен затвор или смртна казна за припадниците на геј популацијата-Усвоен драконски закон

Парламентот на Уганда усвои закон кој го криминализира идентификувањето како припадник на ЛГБТ популацијата, со строги казни вклучувајќи смрт за таканаречената „тешка хомосексуалност“ и доживотен затвор за хомосексуалните односи.

„Тешка хомосексуалност“ значи хомосексуални односи со лица помлади од 18 години или со ХИВ позитивен сторител.

Покрај истополовите врски, законот забранува промовирање и поддршка на хомосексуалноста, како и, како што велат, „заговор“ за вклучување во хомосексуални врски“, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 30 африкански земји, вклучително и Уганда, веќе забрануваат истополови врски, но се чини дека новиот закон е првиот што го забранува идентификувањето како ЛГБТ, според „Хјуман рајтс воч“.

Поддржувачите на новиот закон веруваат дека се неопходни казни за поширок опсег на ЛГБТ активности, за кои се тврди дека ги загрозуваат традиционалните вредности во конзервативната и религиозна источноафриканска земја.

Треба да знаете
Последни објави