Search

Додик за својот роденден доби портрет на кој Република Српска е присоединета кон Србија

Милорад Додик, претседател на Република Српска и лидер на СНСД, денеска престојува во Требиње, каде што официјално ќе го отвори Самитот за енергетика. На овој настан од галеријата „Артем“  му подарија слика за неговиот роденден.

Имено, на сликата подарена на Додик по повод неговиот 64-ти роденден може да се види неговиот портрет, а во горниот десен агол на сликата е мапа, на која е прикажан помалиот ентитет на БиХ, Република Српска како дел од Србија.

„Ѝ благодарам на Светлана Мајхофер, сопственичка на галеријата ‘Артем’. Денеска за роденден ми подари портрет, масло на платно на академскиот сликар Богдан Радовиќ“, напиша Додик на „Твитер“ и ги пофали фотографиите.

Треба да знаете
Последни објави