Search

Борис Новковиќ се разведува по четврти пат

Хрватски поп-пејач Борис Новковиќ(55) се разведува од манкенката Крис Волф (30)пишуваат тамошните медиуми. Хрватските новинари му дадоа нелавна титула-Крал на неуспешните бракови, бидејќи Новковиќ се разведува по четврти пат.

Шпекулациите за нивната врска започнаа уште во 2020 година кога почнаа да живеат одвоено.

Борис и неговата 25 години помладата манекенката и модел Ирис Волф пред неколку години се соочија со првата криза во бракот. Имено, манекенката во 2020 година решила да се врати на работа, која страдала поради семејните обврски, но короната ги прекинала нејзините планови
Набрзо по избувнувањето на пандемијата, парот објави дека ја надминале кризата и дека очекуваат второ дете. Во 2021 година Ирис и Борис станаа родители по втор пат и го добија синот Нео, по ќерката Си која се роди во 2019 година. Сепак, и покрај нивните обиди парот решил да стави крај на бракот.

– Се обидуваме да го спасиме ова на наш начин – објасни тогаш музичарот.

Меѓутоа, сега хрватските медиуми пишуваат дека пејачот и неговата четврта сопруга повторно се разделиле.

Како што наведуваат, наместо презимето Новковиќ, на поштенското сандаче на Ирис е напишано презимето Вулф, што не било случај во 2022 година.

– Не сакам да зборувам за мојот приватен живот – накратко изјави Новковиќ за хрватските медиуми, кој од 2020 година не ја следи сопругата на социјалните мрежи, но не објавува ниту фотографии со неа.

Парот не се ни следи на социјалните мрежи, а од јануари 2020 година пејачот не се појавил во јавност со сопругата. Пред Волф, Борис се женел три пати.

Прва која му го освои срцето беше хрватската актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ, со која се венчаше во 1992 година. Меѓутоа, по пет години, тие се разведоа.
Бојана тогаш беше професионална балерина и имаше 20 години, а пет години повозрасниот Борис, веќе ја освојуваше публиката со неговиот голем хит „Куда иду изгубљене девојке“.

Втор пат се заколна на вечна љубов со новинарката Луција Матиќ. Со неа ги има синовите Ноа и Боно. Додека Луција била бремена со нивниот втор син, Борис се заљубил во сликарката Ива Вишошевиќ. Пејачот ѝ ја признал својата романса со друга жена на Лусија, и набргу се отсели од нивното семејно гнездо и стана потстанар.

Трет пат рипна во тавче со Инес Катиќ. Тие тајно се венчале летото 2016 година во Новаља. Сепак, се разведоа по осум месеци.

Треба да знаете
Последни објави