Search

Белгиската полиција убила пациент кој имал ладно оружје во психијатриска клиника

Белгиската полиција денеска застрела и уби пациент кој носел ладно оружје во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното обвинителство.

Според АП, полицијата била повикана бидејќи 49-годишен маж почнал да се однесува агресивно во Психијатрискиот институт Фонд Роат, а персоналот на клиниката не можел да се справи со него.

Обвинителството соопшти дека првите сознанија од истрагата покажале дека полицијата морала да повика засилување откако првата патрола пристигнала на местото на настанот, поради особено опасното однесување на лицето и неговата состојба на вознемиреност.

„За време на акцијата полициските службеници морале да го употребат службеното оружје“, соопшти обвинителството, додавајќи дека тој бил застрелан во раката и стомакот, а откако бил пренесен во болница починал од повредите.

Обвинителството најави дека комисијата која врши надворешен надзор над белгиската полиција ќе го испита случајот.

Треба да знаете
Последни објави