Search

Јапонскиот премиер во посета на Украина, ќе се сретне со Зеленски

Јапонското Министерство за надворешни работи соопшти дека премиерот Фумио Кишида денеска ќе ја посети Украина и ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски.

Јапонската телевизија NHK прикажа видео од премиерот Кишида како влегува во воз во полскиот град Пшемишл, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Украина.

Премиерот на Јапонија, земја членка на групата Г7, за време на оваа посета ќе изрази поддршка и солидарност со Украина, се додава во соопштението на министерството.

За време на јануарската посета на Вашингтон, Кишида нагласи дека самитот на Г7, кој ќе се одржи во мај во Хирошима, ќе покаже силна поддршка за меѓународниот поредок и владеењето на правото по руската инвазија на Украина.

Посетата на јапонскиот премиер на Украина, се случува во исто време со посетата на кинескиот претседател Шји Џинпинг на Русија.

Треба да знаете
Последни објави