Search

Шкупи и Седлоски вторпат сезонава се разделија

 Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денеска одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски. Ова е втора разделба на Седлоски и Шкупи сезонава. Поранешниот македонски репрезентативец тимот од Чаир минатата година го предовдеше до шампионската титула, прва по „ерата“ на Слога Југомагнат.

Седлоски во есенскиот дел од сезоната одлучи да се повлече од кормилото на чаирчани, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

Засега не е објавено кој ќе го наследи Седлоски на местото шеф на стручниот штаб на Шкупи. 

Треба да знаете
Последни објави