Search

По 12 години падна пресуда за предметот „Маѓар телеком“ во отсуство на обвинетите

сновниот кривичен суд Скопје денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот означен како „Маѓар телеком“ против обвинетите А. И. С., Р. П. и З. К., на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогонот.

Во согласност со пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата и се осудуваат на казни затвор од 8 години за секој од обвинетите.

Воедно, со пресудата обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.

Треба да знаете
Последни објави