Најпопуларната плажа во Грција годинава затворена за туристи поради опасност од одрони

Плажата Навахо на Закинтос, една од најпопуларните во Грција, ќе биде затворена во текот на годинашната туристичка сезона од безбедносни причини, соопшти грчкото Министерство за туризам. Увидот утврдил дека постои голема опасност од одрони на плажата опкружена со карпи.

Ресорното Министерство наведува дека опасноста од лизгање на земјиштето е последица на ерозија долж работ на плажата, која лежи под карпа од 200 метри и е достапна само со брод, пренесува Франс прес.

Во 2018 година на оваа плажа беа повредени седум лица, меѓу кои и семејство чешки туристи, кога огромна даска се лизнала од карпата.

Навахо плажата, чие име значи бродолом, се смета за една од главните туристички атракции на Грција и редовно се наоѓа на листата на најубави плажи во светот. Името го добила по остатоците од товарен брод кој таму бил урнат и станал заштитен знак на плажата.

Треба да знаете
Последни објави