Search

(Видео) Путин на средбата со Шји се тресел и ја држел раката на столот, а со ногата удирал на подот

Рускиот претседател Владимир Путин изгледаше кревко додека го пофали својот драг пријател, кинескиот претседател Шји Џинпинг, за време на состанокот во Москва.

„Дејли мејл“ пишува дека Путин се тресел и силно го стегал столчето. Тој рече дека е подготвен да разговара за кинескиот план за ставање крај на војната во Украина. Западот и Киев се сомневаат во вистинитоста на тоа тврдење и се обидуваат да ја откријат вистинската причина за помирливиот пристап на Шји.

„ Отсекогаш сме биле отворени за преговори – му рекол Путин на Шји, кој дојде во Москва неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател.

Долго време се шпекулира дека рускиот претседател боледува или од рак или од Паркинсонова болест. Исто така, се известува дека за време на разговорот со Шји, тој нервозно удирал со левата нога на подот. Светските медиуми постојано пишуваа дека здравјето на Путин е видно влошено во последната година или повеќе, дека често се држи за маси и столици, ‘рчи и дека му се тресат рацете.

Украинските разузнавачи тврдат дека Путин боледува од некоја тешка болест.

Посетата на Шји накратко политички го оживеа Путин. Експертите велат дека Путин ќе се обиде да го претстави доаѓањето на Шји како доказ дека Русија не е изолирана.

Кина не соопшти како точно ќе ја заврши војната во Украина, туку само објави „мировен план“ кој содржи 12 точки. Така, Пекинг предложи Западот да ги отстрани санкциите наметнати на Москва, да се отпочнат мировни преговори што ќе резултираат со отстапување на дел од територијата на Украина на Русија, НАТО да ги оддалечи своите сили од својата источна граница и да се почне со обнова на Украина, во која се претпоставува дека една од главните улоги ќе ја имаат кинеските градежни компании.

Треба да знаете
Последни објави