Ескобар: Се надевам на добри вести од Охрид, оптимист сум дека ќе има мирно решение меѓу Белград и Приштина

Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Приштина по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека се надева на добри вести од Охрид.

Ескобар на заедничката прес-конференција рече дека очекува продуктивна средба во Охрид.

„Сакаме да обезбедиме целосна поддршка за секој исход што носи мир во регионот и ги зголемува можностите за соработка меѓу Белград и Приштина и му овозможува на целиот регион да стане полноправна членка на евроатлантската заедница“, рече тој.

Габриел Ескобар вели дека САД веруваат дека европскиот предлог нуди огромни можности за воспоставување мирни, одржливи и продуктивни односи.

„Очекуваме позитивен исход од средбата во Охрид. Јас сум голем оптимист дека ќе се постигне мирно решение. Се надевам дека ќе имаме добри вести по сабота“, рече Ескобар.

Треба да знаете
Последни објави