Search

Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори во Црна Гора

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори, откако вчера го потпиша Указот за распуштање на 27-то свикување на Собранието врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора, јави Мина.

Уредбата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора.

По распуштањето на Собранието, изборите може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена. 

Треба да знаете
Последни објави