Search

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци со дозвола од МВР на Спасовски поседуваат оружје – се замижува пред очигледно беззаконие

Прекршителите на законот ниту се кријат, ниту се плашат од институциите. Причината е јасна, полицијата на Спасовски замижува пред беззаконието, полицијата не ги гони или не смее да ги гони, па дури и им овозможува да поседуваат оружје.

Пред овие скандали Спасовски молчи.

МВР на Оливер Спасовски јавно да соопшти кога точно е направен претрес во домот на Самед Мисини од Ласкарци, заради пукањето од калашњиков за што има и видео материјали. Поседување и пукање од вакво оружје е забрането во Македонија.

Ако имало претрес, кога е тој направен и дали е најдено и одземено автоматското оружје од кое е пукано, што е кривично дело член 396 став 2.

МВР истовремено мора јасно да каже дали првостепената комисија за одобрение за оружје, составена од Спасовски а водена од Каришиќ, издала одобрение на  Шукри Асани, лице опфатено за проверка со планот „Безбеден град”. Дали комисијата издала одобрение за оружје за Шукри Асани спротивно на закон, заради неговото криминално досие поради кое и е на листата криминалци за проверка опфатени со планот „Безбеден град”.

МВР, Спасовски, Тасевски и Каришиќ молчат и се обидуваат со општи флоскули да ја сокријат вистината, а тоа е дека институциите наместо да се борат со криминалот, тие шуруваат со криминалот!

Се додека нема јасна линија меѓу институциите и криминалот, Македонија ќе тоне.

Треба да знаете
Последни објави