Search

Џабе беа 50 поени на Кари-Вориорси загубија од Клиперси, Хјустон ги изненади Лејкерси

Стеф Кари постигна 50 поени во дресот на Голден Стејт, но и тоа не му беше доволно на НБА шампионот да го победи тимот на Л.А Клиперс во натпревар кој заврши со резултат 134:126.

Првата ѕвезда на „воините“ доминираше на теренот, но ефектот не донесе и позитивен тимски резултат, бидејќи Клиперс ги израдуваа домашните фанови. Кари мечот го заврши со 50 поени, постигна осум тројки и имаше шут 20/28 од поле, со што влезе во одбраното друштво на Мајкл Џордан, Коби Брајант и Леброн Џејмс како еден од ретките кој дошол до оваа граница на возраст од најмалку 35 години.

Кај победникот Ленард постигна 30, Џорџ 24 поени, додека одличен настап имаше и Хрватот Зубац со 19 поени и 16 скокови.

Хјустон ги победи Л.А Лејкерс на домашен терен, комплицирајќи му ја плејоф ситуацијата на гостинот, а реализаторски се истакнал Портер со 27 поени.

Филаделфија и Бостон не погрешија против Кливленд и Минесота. Одлично одигра и Џоел Ембид, кој со седмиот по ред учинок поголем од 30 поени уште еднаш потврди дека е најголем конкурент на Никола Јокиќ за МВП-наградата сезонава во НБА. Новиот француски репрезентативец во триумфот на Филаделфија севентисиксерс на гости кај Кливленд кавалирс (118-109) реализира 36 поени со 18 скока.

Мемфис гризлис не е веќе страшен без суспендираната прва ѕвезда на екипата, Џа Морант, па загуби на гостувањето кај Мајами хит (119-138). Сакраменто кингс, пак, дојдоа до четвртата победа во последните пет меча и тоа преку Чикаго булс (117-114) и се израмни со Мемфис на второто место на табелата во Западната конференција. Двата тима имаат по 41 победа и 27 порази, а ниту првото место не е далеку, лидерот Денвер има пет победи повеќе, но се наоѓа во серија од четири порази во низа.

Кливленд – Филаделфија 109:118
Мајами – Мемфис 138:119
Чикаго – Сакраменто 114:117
Хјустон – Л.А Лејкерс 114:110
Минесота – Бостон 102:104
Сан Антонио – Далас 128:137 (п)
Л.А Клиперс – Голден Стејт 134:126

Треба да знаете
Последни објави