Search

Спалети: Не наседнуваме на игрите на Гвардиола

Лучијано Спалети и Наполи пишуваат историја – тимот е блиску до првото Скудето по 1990 година, а синоќа за првпат во клупската историја се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Наполи во реванш осминафиналето го совлада Ајнтрахт (3:0) и продолжи со одличните настапи оваа сезона.

-Ова е одличен резултат, уживаме заедно со сите навивачи. Сега е од суштинско значење да го задржиме вечерашниот став бидејќи не го започнавме натпреварот како што е вообичаено, но потоа направивме се како што треба и пропуштивме неколку работи, изјави тренерот на Наполи.

Италијанецот се осврна и на зборовите на Пеп Гвардиола, кој неодамна изјави дека Наполи е најсилниот тим во Европа.

-Тоа не ме прави горд, нема никакво влијание врз мене. Тоа е игра што сите ја знаат и се работи за притисок врз другите. Дали треба да го ставиме Наполи пред Сити? Ако потрошат 900 милиони во споредба со нашите девет, има причина. Тоа е игра која ја прават со која сакаат да не подигнат за да не урнат, рече Спалети.

Треба да знаете
Последни објави