Search

Анчелоти: Го сакам Милан во финалето, Гвардиола не сфати дека му подарија пенал

Фудбалерите на Реал си ја завршија работата во осминафиналето на Лигата на шампионите, совладувајќи го уште еднаш Ливерпул (1:0) и рутински се пласираа меѓу осумте најдобри во Европа.

Стрелец на единствениот гол во реваншот беше Карим Бензема.

“Игравме и добро го контролиравме натпреварот. Не се браневме во нискиот блок и се обидувавме да бидеме силни и сигурни на топката. Имавме можности и бевме цврсти на грбот. Ова беше натпреварот што го посакувавме”, Реал изјави тренерот Карло Анчелоти по дуелот во Мадрид.
Лука Модриќ и Тони Крос завршија одлична работа.

-Пресингот ги чинеше. Модриќ и Крос сакаат вакви натпревари. Со леснотија ја изнесуваат топката од бековската линија, изјави Италијанецот.

Анчелоти го анализираше натпреварот.

„Ми се допадна како играше тимот. Натпреварот беше измамен на психолошки план. Имавме три гола предност, но не ја тргнавме ногата од педалата за гас. Тимот изгледаше добро на теренот и не сакав да правам промени само за да променам нешто. Немаше безделничење, концентрацијата беше постојано присутна. Не ризикувавме и многу сме среќни“.

Новинарите ги интересираше што разговарал Италијанецот со Клоп пред натпреварот.

-Му кажав на Клоп дека пеналот за Сити против Лајпциг е луд. Им реков да внимаваат со тоа, бидејќи не е фудбалски да се добиваат такви пенали во Лигата на шампионите. Мислам дека никој не забележа, мислам дека дури ни Гвардиола не сфати дека пеналот е досуден во негова корист“.

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето е во петок. Анчелоти имаше специјална презентација на таа тема.

Го сакам Милан во финалето, а не во четвртфиналето“, изјави поранешниот тренер на „росонерите“.

Треба да знаете
Последни објави