Search

Mинистерството за одбрана објави конкурс за нови офицери

Министерството за одбрана објави конкурс за запишување на кандидати со завршен прв циклус на студии за стручно оспособување и усовршување за офицери за служби за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

„Ги повикуваме сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: машинство, електротехника, сообраќај и транспорт, одбрана, безбедност, економски, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент), музички уметности и други полиња наведени во овој конкурс, заинтересирани за кариера во Армија на Република Северна Македонија, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во поручници во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана“, стои во објавата на Министерството за одбрана.

Сите детали за конкурсот, условите и процедурата можете да ги најдете во конкурсот објавен на следниот линк: https://mod.gov.mk/konkurs-za-oficeri-vo-armija-so-zavrsen-prv-ciklus-na-studii-15-03-2023/?fbclid=IwAR19LXL207Ci0ba5iKkNvAhilqfxVpp3i8HRUWeJCnrGRXt6OgUOwSe9-K8

Треба да знаете
Последни објави