Search

Марка: Таткото на Меси во Ријад, Аргентинецот во Ал Хилал ќе му биде ривал на Роналдо

Се чини дека Саудијците одат со принципот се или ништо. Еден дел од магичниот тандем е веќе во Ријад, а сега би можел да дојде другиот. Кристијано Роналдо кон крајот на минатата година потпиша за Ал Наср, а сега на Арапскиот Полуостров би можел да замине и Лионел Меси. Како што пишува шпанска Марка, неговиот татко и агент Хорхе веќе се видени во Ријад, каде разговарал со претставници – не на клубот – туку на државата. Меси би бил – државен проект.

Политичарите во таа земја сакаат да ги променат законите поради Меси. Тие сакаат да дозволат зголемување на годишниот лимит на приход по глава на жител. Само така Меси ќе може да потпише договор кој би му гарантирал богатство, според многумина, дури и поголемо од она на Роналдо. Се знае и кој клуб би бил тој што ќе го земе Меси под своја закрила. Додека Роналдо е во Ал Наср, Меси ќе игра за Ал Хилал. Тоа е клубот со најдолга фудбалска историја во Саудиска Арабија, финалист на овогодинешното Светско клупско првенство во кое играше против Реал Мадрид.

Договорот на Меси со Париз СЖ истекува ова лето, а во тоа време му истекува казната на Ал Хилал од ФИФА за доведување играчи. Тоа би бил одличен маркетиншки потег, а другите клубови кои би сакале да го видат Меси во своите проекти го знаат тоа.

Марка веќе се занимава со бројките околу евентуалното доаѓање на Меси. Номиналната понуда треба да биде иста како таа што му ја дале на Роналдо. Значи, 220 милиони евра по сезона нето. Сепак, со една важна разлика. Додека Роналдо потпиша договор на 2,5 години, Меси нема да има временско ограничување.

Затоа, договорот ќе се обновува секоја година посебно. Дополнително, парите ќе одат од државата, бидејќи Меси, исто како и неговиот португалски ривал, би станал на некој начин икона на самата држава. Би ја претставувал во фудбалскиот свет за сите проекти во иднина, а тие не се мали.

Треба да знаете
Последни објави