Search

Кина: Загрижени сме поради намерата на Австралија да набави нуклеарни подморници

Кина е длабоко загрижена поради најавата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за планот на Австралија за набавка на подморници на нуклеарен погон, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

„Силно се спротивставуваме на трите земји (Велика Британија, САД и Австралија) кои ја принудуваат МААЕ на такво нешто“, изјави портпаролот Ванг Венбин, пренесе Ројтерс.

Еден ден претходно, МААЕ објави дека трите земји ги информирале за договорот и повториле дека правните обврски на тие земји во однос на неширење на нуклеарното оружје се суштински.

Треба да знаете
Последни објави