Search

Ливерпул е заинтересиран за Влаховиќ

Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул размислува да го ангажира напаѓачот на италијанскиот калчолигаш Јувентус, Душан Влаховиќ.

Според „Calciomercatoweb“ 23-годишниот Србин сака да го напушти торинскиот клуб. Самиот играч би сакал да игра за Реал Мадрид.

Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Неговиот актуелен договор со клубот е до јуни 2026 година.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

Во сезоната 2022/23, Влаховиќ забележа 26 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и четири асистенции. зс/

Треба да знаете
Последни објави