Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственичката  

Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 18:05 часот во Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово. Тој се сомничи дека околу 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.

– Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.

Треба да знаете
Последни објави