Search

Турција се израмни со Македонија по убедливата победа над Луксембург во квалификациите за ЕП-2024

Во рамките од групата „1“ во кавалификациите за пласман на Европското ракометно првенство за мажи во 2024 година, селекцијата на Турција на домашен терен го совлада Луксембург (31:20) и се израмни со Македонија на табелата, која во овој моментов (средбата почна во 18.30 часот) го игра натпреварот од 4. коло на гостувањето кај Португалија.

Јагмуроглу со седум голови и Канбероглу и Пехливан со по шест беа најефикасни во редовите на Турција, а Илиќ со пет и Кајсен со четири погодоци беа првите стрелци на Луксембург.

На табелата води Португалија со шест бодови, пред Македонија со четири, а исто толку има и Турција на третата позиција, додека Луксембург останува без бодови.

Треба да знаете
Последни објави