Search

Сампдорија му даде два гола на Јувентус за две минути, ама не го изненади

Фудбалерите на Јувентус не се откажуваат од битката да обезбедат пласман за настап на евро-сцената иако заработија казната со минус 15 бодови. Јувентус вечерва во Торино дојде до петтата победа во последните шест меча во италијанската Серија А совладувајќи ја отпишаната Сампдорија (4:2).

„Старата дама“ потешко од очекувањата дојдоа до трите бода и тоа поради лошата концентрација по половина час игра и примените два гола во само две минути. Тимот од Торино одлично почна и со погодоците на Бремер во 11. минута и на Рабио во 26. минута брз дојдоа до убедливо водство. Но, само пет и шест минути подоцна прво Аугело намали, па Ѓуричиќ го изедначи резултатот.

Рабио во 64. минута беше стрелец на третиот погодок, додека Соле го потврди триумфот во 94. минута, а триумфот на домаќинот можеше да биде и поубедлив, но Влаховиќ промаши пенал.

Јувентус сега скокна до седмата позиција со 38 бодови, четири помалку од Аталанта, која е на последното место кои води во европските натпреварувања следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави