Search

Португалија вторпат ја совлада Македонија

Македонската машкаракометна репрезентација вторпат за четири дена е поразена од Португалија (32:27) овојпат на гости во квалификациски натпреавр од групата 1 за пласман на Европското првенство во 2024 година. Последните пет минути од првото и првите десет минути од вториот дел беа клучни за денешниот пораз на Македонија од Португалија во рамките од 4. коло во групата.

Ракометарите на Лазаров имаа одличен старт. Играта и резултатот беше рамноправен се до самиот финиш на првото полувреме. Во 23 минута беше 10:10, Македонија последен пат поведе со 11:10, по што следуваше серија од 5:0 за Португалија која замина со 15:11 на полувреме.

Домашната селекција како што го заврши првиот дел, го започна второто полувреме. Португалија на стартот од вториот дел продолжи со сигурна и ефикасна игра и во 40 минута (23:15) веќе беше познат победникот. Португалија во финишот дојде и до девет гола разлика (28:19) и се опушти, а тоа Македонија го искористи да ја намали разликата.

Најефикасен во Македонија беше Филип Кузмановски со десет погодоци, пет додаде Мартин Серафимов, три реализации имаше Ненад Костески, по двапати се запишаа Марко Стојковиќ, Иван Џонов и Томислав Јагуриновски, додека по еден го постигнаа Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев и Марко Митев. На голот Мартин Томовски имаше девет интервенции.

Треба да знаете
Последни објави