Search

МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Мега МИС

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа уште еден пораз во регионалната кошаркарска АБА-лига.

Аеродромци попладнево загубија со 93:86 на гостувањето во Белград кај Мега Мис. За МЗТ ова е 17. пораз во 21 натпревар по кој останува на дното на табелата.

По водството со 27:22 во првата четвртина, МЗТ им дозволи на домаќините да се разиграат и да дојдат до водство кое најчесто беше со двоцифрена разлика.

Најефикасен во составот на македонскиот тим беше Мајк Кефи со 18 поени, Абу даде 17, Кук 15.

Во следното коло, на 18 март во Аеродром ќе гостува Игокеа. 

Треба да знаете
Последни објави