Search

Барселона освои три големи бода со еден гол на гостувањето во Билбао

Лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига, Барселона оствари три големи бода со еден постигнат гол (1:0), на тешкото гостување кај Атлетик Билбао.Рафиња беше стрелец на голот вреден три бода.

Пред самиот крај на првото полувреме Рафиња даде гол за водство на Барселона. Во прв момент судиите мислеа дека е офсајд, но со интервенција на ВАР технологијата беше потврдено дека станува збор за регуларен гол.

Во самиот финиш од мечот се случи вистинска инвазија од напади кон голот на Барселона. Во 87. минута Инаки Вилијамс даде гол за 1:1, но му беше поништен поради игра со рака на почетокот од акцијата.

По 25 одиграни кола, Барселона има девет бода повеќе од Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави