Search

Артета на незадоволните од прославите на головите на Арсенал им порача да одат во црква

Тренерот на лидерот во англиската фудбвалска премиерлигашка конкуренција Арсенал, Микел Артета ги советуваше незадоволните љубители од начинот како прославуваат голови „топчиите“ да ја посетат црквата.

Во последното коло од Премиер лигата, Арсенал извлече победа над Бурнмаут (3:2) благодарение на голот на Рис Нелсон во 97. минута. „Топчиите“ многу емотивно со целиот тим го прославија победничкиот гол.

– Воопшто не ми пречи како моите фудбалери се радуваат. Фудбалот слави победи. Сакаме страст и емоции. Нема ништо подобро од постигнување голови и победа на фудбалски натпревари. Ако не ви се допаѓа, одете во црква. Сигурно нема да барам од играчите да слават подискретно на претстојниот натпревар, одговори Артета за начинот на кој неговите играчи слават.

Арсенал попладнево ќе играат против Фулам натпревар од 27. коло на Премиер лигата. 

Треба да знаете
Последни објави