Search

Анчелоти: Мора да играме максимално внимателно со Ливерпул, веќе имавме ситуација со Челзи пред една година

 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го повика своите фудбалери да не се опушта пред реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите со Ливерпул. Мадриѓаните во првиот натпревар победија на гости со 5:2.

– Веќе имавме ситуација со Челзи минатата година кога по 3:1 на гости, дома губевме со 0:3 до 80. минута. Имаме предност, затоа сме фаворити, но треба да одиграме 90 минути со ист став како на првиот натпревар. Немаме право да размислуваме за штедење некаде, треба да одвоиме 90 минути максимум. На сите три турнири на кои продолжуваме да играме, тешко е да се оди до крај. Ние сме во неповолна положба во Копа дел Реј и Ла Лига и имаме мала предност во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека ќе биде лесно. Лигата на шампионите е најтешкиот турнир во светот, изјави Анчелоти.

Реваншот со Ливерпул е закажан за 15 март.

Треба да знаете
Последни објави