Search

Бунт во Би-Би-Си по суспензијата на Линекер, неговите колеги коментатори нема да го водат Match of the day

За прв пат по 59 години колку што е на програмата на Би-би-си, „Меч на денот“ нема да има водители!? Откако националниот јавен сервис ја стави на мраз првата ѕвезда од шоуто, Гери Линекер по големиот притисок од конзервативната партија, еден по друг неговите колеги одбија да учествуваат во следната епизода од култното шоу во знак на солидарност.

Иан Рајт и Алан Ширер го информираа Би-Би-Си дека во знак на солидарност со Линекер нема да го прават следното шоу, што предизвика масовно иселување на персоналот на Би-Би-Си од програмата бидејќи Алекс Скот, Џермејн Џенас, Марк Чепмен и Мика Ричардс веднаш го следеа примерот.

Линекер се најде под голем притисок откако на социјалните мрежи го критикуваше новиот закон предложен од министерката Суела Браверман, кој треба да го намали бројот на бродови што носат бегалци во Британија.

Реакцијата на ко-водителите на Линекер ја изненади Би-Би-Си. Техничкиот персонал се закани со протестен марш, па дури имаше сугестии дека фудбалерите и менаџерите би можеле да избегнуваат интервјуа на Би-Би-Си по натпреварите овој викенд.

Би-Би-Си призна дека ја загуби битката и потврди дека не може да најде водители за да ги пополнат празните места во студиото и ќе се потпира на прикажување снимки овој викенд за да не го прекрши договорот со Премиершип од 70 милиони фунти годишно.

Треба да знаете
Последни објави