Search

“Албанската илегала-претходник на распадот на Југославија“ е насловот на книгата која ја промовираше Ахмети

“Албанската илегала-претходник на распадот на Југославија“, е наслов на книгата во два тома каде се пишува за отпорот на Албанците против Југославија.

Книгата беше промовирана денеска, под покровителство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој кога излезе да зборува, призна дека не ја прочитал, но од тоа што го слушнал, во оваа книга се, сите вистини за Албанците од Екс Југославија, објави ТВ 21.

Потоа зборуваше за тоа што самиот тој преживеал и дека во времето на илегалата ги знаеле сите соработници на УДБА.

„Генералите кои ни предаваа од Албанија ги знаеја и гнездата на ластовичките во касарните на Југославија и ние ги знаевме сите ластовички соработници на УДБА , кои се и секој што леташе на секој аеродром во Европа во тек на 24 часа, знаевме каде е и што прави“, рече Ахмети.

Скендер Асани еден од авторите на книгата, рече дека тоа што го сработиле има за цел изнесување на историските вистини, како и спречување историски манипулации.

„Основните причини зошто му се посветивме на овој проект, е целта што ја имавме како студенти, да спречиме манипулација од одредени индивидуи кои со години се трудеа да ни презентираат национални вредности, псевдовредности, за сметка на некои антиалбански служби“, изјави Скендер Асани, директор на ИДКНА.

Треба да знаете
Последни објави