Search

Петровска и Агелер на Криволак каде се изведува вежба со хеликоптери

Со амбасадорката на Анџела Агелер, на Криволак каде се изведува вежба со хеликоптери UH-60 (Black Hawk) на Копнените сили на САД напиша Петровска.

Уште една манифестација на соработката и интероперабилноста која ја градиме со секоја заедничка вежба.

Армискиот полигон е нашиот најзначаен ресурс за обуки и вежби. Со американска и сојузничка поддршка ќе продолжиме да го развиваме „Криволак“ зашто така ја зацврстуваме безбедноста, ја развиваме колективната одбрана во Алијансата.

Благодарност до нашите стратешки партнери и сојузници за нивната поддршка за развој на македонската одбрана. Од 2022 година, САД во процесите за модернизација и опремување нè поддржаа со 137 милиони долари.

Градиме силна Армија за силна колективна одбрана и безбедно НАТО!

Треба да знаете
Последни објави