Search

Мијалков да остане ослободен за апсењето на Бошковски, предлага вишото скопско обвинителство

Вишото обвинителство предлага Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за случајот ,,Тортура”, во кој меѓу обвинетите беше и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Претходно Кривичниот суд донесе првостепена ослободителна пресуда.

Мијалков и Алфите добија ослободителни пресуди од првостепениот суд со образложение дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал дека тие се виновни. Жалба на пресудата до Апелација поднесе обвинителот Лапе, по што било побарано мислење и од повисокото обвинителство.

Предметот го отвори поранешното СЈО, а се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, еден ден по парламентарните избори.

Треба да знаете
Последни објави