Search

Заложничка драма во аптека во Германија, блокиран цел град

Германската полиција во градот Карлсруе соопшти дека во моментот се случува заложничка драма во аптека.

Според информациите, властите реагирале на заложничката ситуација, која наводно се одвивала во аптека во градот во југозападна Германија.

Полицијата на Твитер објави дека поради моментално нејасната ризична ситуација, областа е обезбедена и дека се очекуваат повеќе информации.

Како што се наведува, полицијата воспоставила контакт со лицето осомничено за земање заложници, јавува „Дојче веле“.

Треба да знаете
Последни објави