Search

Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган закажа парламентарни и претседателски избори за 14 мај, еден месец пред предвиденото, објави Ројтерс.

„Нашиот народ ќе излезе на гласање за да избере претседател и да свика ново собрание на 14 мај“, рече Ердоган по потпишувањето на изборниот декрет.

Според британската агенција, Ердоган го вклучил „часовникот“ за својот најголем тест на неговото 20-годишно владеење, каде ќе се одлучува не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува, во кој правец ќе се движи економијата, додека Анкара може да игра улога во ублажувањето на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Во понеделникот, коалицијата од шест опозициски партии го именуваше Кемал Киличдароглу, лидер на Републиканската народна партија, како претседателски кандидат за да му се спротивстави на Ердоган.

Британската новинска агенција додава дека анкетите покажуваат дека опозицискиот блок има мала предност пред владејачката структура.

Треба да знаете
Последни објави