Пукање во храм на Јеховини сведоци во Хамбург, има мртви 

Во Хамбург во пукање, загинале неколку луѓе. Билд пишува дека најмалку седум се мртви.

Според првичните информации седум лица се тешко повредени, а 18 се здобиле со полесни повреди.

Некои германски медиуми објавија дека пукањето се случило во центарот на Јеховините сведоци.

Полицијата на Твитер објави дека е во тек голема операција во областа Алстердорф.

Жителите кои живеат во близина се предупредени да ги напуштат своите домови поради тековната акција, пишува Дојче веле.

Треба да знаете
Последни објави